Партијата на Македонците во Србија, ДПМ ќе оди на избори

 

Македонците во Србија на престојните парламентарни, покраински и локални избори ќе настапат согласно инклинирањето на српската политичка сцена. Демократската партија на Македонците во Србија (ДПМ), во коалиција со Партијата на правдата и помирувањето (СПП) на Муамер Зукорлиќ од Нови Пазар, како две малцински партии излегува на изборите со заедничка изборна листа, со цел да направи Сојуз на малцински партии, за да добијат можност за македонски пратеник во собранието, кој би ги застапувал правата на македонската заедница во Србија, изјави од ДПМ Маја Георгиевска.

Секој преставник на својата малцинска заедница најдобро ќе го застапува своето малцинство, ќе одлучува за својата судбина и побргу ќе ги решава проблемите, а не како досега што беше во српското Собрание да не застапуваат преставници на двете малцински заедници, на унгарското и на бошњачкото малцинство. Муамер Зукорлиќ ќе биде стожер на сите национални зедници во Србија, кои ќе се обединат околу оваа наша малцинска идеа – изјави Георгиевска.

Од познатите Македонци кои ќе земат учество на престојните избори се познатиот адвокат Тома Фила со Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ и познатиот фудбалер Бошко Ѓуровски, кој е кандидат за пратеник на партијата Здрава Србија на Милан Стаматовиќ. Изборите во Србија се закажани на 21 јуни.

Advertisement