Патријархот московски и на цела Русија Кирил на заедничка вечера со Мета во Тирана (ФОТО)

Хармонијата, взаемното почитување, толеранцијата, разбирањето и солидарноста се карактеристиките на односите помеѓу верските заедници во Албанија и најскапоценото богатство на историското и националното наследство на земјата. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на насилни идеи и цели. Оваа порака ја упати албанскиот претседател Илир Мета синоќа на официјалната вечера што ја приреди во чест на Патријархот московски и на цела Русија Кирил по повод неговата историска посета на Албанија.

Живееме во тешко време на социјални пресврти и брза трансформација на технологија и комуникација кои се секојдневен предизвик на секој поединeц, семејства, општества, влади, држави и верски институции. Јазикот на омраза, насилство, нетолерантни акти, манифестации на дискриминација врз основа на верски и етнички предрасуди, тероризмот, екстремизмот, конфликти и војни со тешки хуманитарни последици денес се се најголема опасност за човештвото. Религијата и вероисповеста имаат незаменлива улога во изградбата на траен и универзален мир меѓу луѓето и народите. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на идеи и насилнички намери. Таа треба секогаш да им служи на мирот, љубовта, солидарноста и хармонијата,бидејќи како што не учат светите книги, Бог е мир а не насилство,- рече Мета искажувајќи искрена радост и задовлство од престојот на Патријархот Кирил во Албанија. Патријархот Кирил ги нагласи добрите односи меѓу двете православни цркви, но и меѓу верските заедници и државата во Албанија.

Ова е прва посета на Албанија во историјата на приматот на Руската православна црква. Но и покрај тоа, Православните Цркви на Русија и Албанија имаат долга традиција на најдобри односи. Нашите цркви не само што споделуваат заеднички верувања и имаат преживеано слични искуства од суровите прогони во дваесеттиот век, исто така имаат и заеднички ставови во врска со главните прашања денес, демонстрирајќи го единството на Православието. Неговото блаженство, архиепископот Анастас Јанулатос останува секогаш љубен и скап пријател на Русија.

Чувствувам посебно задоволство во душата поради високото ниво на односите меѓу црквата и државата во Албанија.Тоа не само со православната црква туку и сите други верски заедници кои се верни партнери со државата во каузата за зацврстување на моралот во оштеството. Тоа е предуслов за хармонија меѓу луѓето и меѓу разните општествени групи,-порача патријарх Кирил, заблагодарувајќи се за срдечниот пречек и посакувајќи мир и благосостојба за граѓаните на Албанија. На вечерата, освен поглаварите на црвите на двете земји, присуствуваа и претставници на другите верски заедници во Албанија, на владата, како и рускиот амбасадор во Тирана.

Advertisement