
Премиерот Еди Рама освари средбата со Патријархот московски и на цела Русија Кирил. Рама нагласил дека посетата на патријархот Кирил се совпаѓа со 110-годишнината од основањето на Албанската Автокефална Црква. Патријархот московски и на цела Русија Кирил нагласи дека тој пред 15 години бил во Тирана, но не во својство на патријарх, туку како преставник на руската црква и притоа додаде дека тогаш Рама бил градоначалник на Тирана. Патријархот московски и на цела Русија Кирил денеска ја завршува својата тридневна посета, која беше по покана на поглаварот на албанската автокефална црква, Анастас Јанулатос, кој посетата на Кирил ја нарече историска.




Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden