ПДИУ: Најавува големи протести пред Амбасадата на Грција во Тирана

 

Лидерот на партија што се бори за правата на Чамите, Партија за демократија, интегритет и единство – ПДИУ, Шпетим Идризи, изјави дека никој нема право, ниту може да го забрани името Чамерија и употребата на ова име. Идризи остро реагира на барањата на официјална Атина, Албанија да не го употребува името Чамерија и Чами, ниту во школските учебници.

„Да не му падне на памет некому да се обиде да го избрише името Чамерија и Чами бидејќи тоа име две илјади години е албански регион што е облеан со албанска крв“, нагласи лидерот на Партијата за демократија, интегритет и единство.

Оваа партија вo сабота најави големи протести пред Амбасадата на Грција во Тирана за да протестира, како што соопшти Идризи, против изјавата на претседателот на Грција, кој побара бришење од учебниците на името Чамерија и Чами. Оваа партија оценува дека официјална Тирана не треба да ѝ попушта на Грција во однос на отворените прашања меѓу двете држави, како што е проблемот со морската граница, гробиштата на грчките војници во Албанија, малцинствата и проблемот со признавањето на имотите и правата на Чамите.

Advertisement