Почна летниот камп „Ја сакам Македонија – 2018” учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Балканот

 

На 19 август 2018 година во Охрид, Република Македонија државниот секретар на Министерство за надворешни работи на Македонија Виктор Димовски го отвори Летниот камп по македонски јазик и култура „Ја сакам Македонија-2018”, што во организација на Министерството за надворешни работи традиционално се одржува секоја година. Целта на оваа манифестација е одржување на врските со децата кои имаат македонско потекло, а кои живеат надвор од татковината Република Македонија .

Во своето обраќање на свеченото отварање државниот секретар на Министерство за надворешни работи на Македонија Виктор Димовски им посaка топло добредојде на учесниците на овогодишниот камп во нивната втора татковина,  Република Македонија татковината на нивните татковци и нивните дедовци. Воедно го истакна своето уверувања дека знаењата стекнати на летниот камп ќе бидат пренесени и со гордост споделувани со нивните врсници во државите каде што постојано живеат.

На овогодинешниот летен камп учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Албанија, Бугарија, Грција, Србија , Босна и Херцеговиа, Италија, Австрија и Чешка кои посетуваат курс по македонски јазик, историја и географија на Република Македонија.