Полиција формира база на податоци за крвна одмазда во Албанија

Поради лажно претставување на многубројни албански граѓани како потенцијални жртви на крвна одмазда, при барањето азил во државите членки на ЕУ албанската полиција формирала база на податоци за крвна одмазда. Како што соопшти албанската полиција, базата на податоците овозможи брз пристап до информации само за полициски цели, да се идентификуваат сите случаи на крвна одмазди кои се случиле претходно, поединци и семејства погодени со оваа појава, како и поединци и здруженија што се занимаваат со случаи на помирување.

„Оваа база на податоци ќе користи да се спречи злоупотребата при апликациите за азил, со тоа што ќе се разменуваат полициски информации со партнери од земјите каде што разни албански граѓани го користат овој мотив за да побараат азил“, се наведува во соопштението. Постоењето на крвните одмазди многубројни албански државјани го злоупотребувале за да добијат статус на азилант во земјите на ЕУ, објави албанската агенција.

Advertisement