Полицијата го блокираше влезот на весникот „Коха Јоне“ во Тирана

 

Албанската полиција го блокираше влезот  на весникот „Коха Јоне“ во Тирана, инаку еден од првите весници отккао беше воведен плурализмот.  Полицијата извршила насилство врз редакцијата на весникиот и го привела издавачот Никола Леси, познат новинар, уредник и политички активист во Албанија. Приведувањето на Леси од страна на полицијата медиумите, но и дел од партиите го поврзуваат со острите критики што на адреса на актуелниот премиер Еди рама ги упатувал овој новинар и активист. Тој претставува еден од најострите критичари на политиката на премиерот Рама, оценуваат медиумите во Албанија. Според полицијата станува збор за контрола на одредени документи кои требало да бидат рагледани во објектот на редакцијата. Повеќе политички партии нагласуваат дека оваа е насилство на полицијата врз слободата на печатот во земјата. Партијата Движење за Социјалистичка Интеграција соопшти дека властите на најдрзок начин извршиле насилство врз слободата на медумиот и незаконски го привеле Никола Леси, кој подог период беше и лидер на партијата на демохристијаните на Албанија, екс пратеник и влијателна политичка фигура во земјата.

Advertisement