Полициска опсадна во Тирана забранети зони (ВИДЕО)

Тирана од утринава е практично под полициска опсада бидејќи паралелно со седница на парламентот е закажан и опозициски уличен протест па пратениците на мнозинството во зградата на парламентот се собрале еден час пред почетокот на заседанието, за да избегнат средба со демонстрантите граѓаните не им е дозволено слободно да се движат по улиците на албанската престолнина.

Големи полициски сили ги блокирале пешаците и минувачите во близина на министерството за внатрешни работи, се наведува. Секој кој сака да мине низ забранетата зона мора да ѝ покаже лична карта на полицијата. Се наведува и дека полицијата на медиумите не им дозволува да влезат во зградата на парламентот за да не можат да се сретнат со пратениците на владејачката Социјалистичка партија.