Пописот на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе продолжи до 30 септември 2021

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, наместо во периодот од 1 април до 21 април 2021 година, се одложува за периодот од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Самопопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страници: https://census.stat.gov.mk/mk/

Центарот за повици каде што можете да добиете одговори на вашите прашања и евентуални проблеми со апликацијата за самопопишување ќе има променет режим на работа. Имено, телефонските броеви со whats app  и viber конекција (+389 71/483-313 и +389 71/483-291) ќе бидат достапни секој работен ден, од 8:00 до 16:00 по македонско време, а во попладневните часови и во текот на викендите вашите прашања можете да ги доставувате на следниве меил адреси:

Popis2021@stat.gov.mk

dijaspora@stat.gov.mk

press@stat.gov.mk

Вашите прашања ќе бидат одговорени во најкус можен рок, односно на првиот следен работен ден. – стои во соопштението на Државен завод за статистика.

Advertisement