Поранешниот премиер Никола Груевски Груевски преку Албанија се упатил во Црна Гора

 

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО–ДПМНЕ актуелен пратеник Никола Груевски преку Албанија се упатил во Црна Гора. Албанските полициски извори тврдеа дека тој ја напуштил Албанија во неделата вечер на 11-ти ноември во 19:11часот во дипломатско возилото со регистарска табличка CD1013A. Aпреку граничниот премин Хани Хоти во Црна Гора. Истите извори укажуваат на тоа дека тој патувал со автомобил од Унгарската амбасада во Тирана во кој покрај возачот имаше и работник на амбасада, опремен со дипломатски пасоши, кои се вратија во Албанија за помалку од еден час. Албанската полиција спроведува проверки и открива кога и од која точка на границата, поранешниот македонски премиер влезе во Албанија. Македонските власти издадоа налог за апсење на 12 ноември, откако тој не се појави доброволно.