Поранешниот претседател на Македонија, Иванов учества на јубилејната 30-та манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј во Словачка

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, престојува во посета на Словачката Република, по повод учеството на јубилејната 30-та манифестација „Денови на Светите Кирил и Методиј“, што се одржува во Општина Терхова.

Поранешниот претседател Иванов се обрати на Конференцијата „Пораките на Светите браќа Кирил и Методиј“, на која истакна дека битката на светите Кирил и Методиј била да им се овозможи на словенските народи сами да го спознаваат Божјото слово, сами да ја создаваат и пренесуваат својата култура и традиција и сами да ја пишуваат својата историја.

„Правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација и денес се основни универзални и европски човечки вредности. Јас денес го говорам македонскиот јазик, исто како што нашите словачки пријатели го говорат словачкиот јазик благодарение на светите Кирил и Методиј. Тие се вградени во секој збор што ќе го изговориме, и секоја буква што ќе ја напишеме“, порача поранешниот Претседател пред присутните.

Advertisement