Последните 7 години Албанија ја напуштиле 330 илјади граѓани

Околу 330 илјади лица ја напуштиле Албанија во последниве седум години, објави албанскиот Државен институт за статистика. Овие бројки се поголеми од втората по бројност околија во Албанија, Фиер со 302 илјади жители или од околијата на Драч со 285 илјади жители. Во последните седум години, најголем одлив е забележан во 2011 година или 52.000 лица. По постепеното намалување во текот на годините, нов бран на емиграција е забележан во 2017 година, кога емигрирале 40.000 луѓе, наведува Институтот. Албанците претежно се селат во земјите на ЕУ или во САД, а земјата ја напуштаат луѓе од сите социјални структури.

Advertisement