Постигнат компромис за изборите во Албанија

 

Политички партии во албанија постигнаа компромис за изборите следниот месец, по интензивното посредување од страна на висок американски претставник. По тричасовниот разговор премиерот Еди Рама од владејачката Социјалистичка партија и Луљзим Баша од Демократска партија изјавија дека постигнале спогодба.

Американскиот заменик-помошник државен секретар Хотј Брајан Ји им даде во понеделникот предлог од европските пратеници како база за преговорите.вДвајцата лидери изјавија по средбата дека деталите од спогодбата ќе бидат дефинирани во следните 24 часа.

Спогодбата, веројатно, ќе ги одложи парламентарните избори, кои се закажани за 18 јуни. Опозицијата ја бојкотира работата на парламентот од февруари и одби да се регистрира за изборите, тврдејќи дека кабинетот на Рама ќе врши нерегуларности на изборите.