Потпишан договорот за изградба на автопатот кој Албанија ја поврзува со Македонија

 

 

Набрзо ќе почне изградбата на автопатот„Руга е Арбрит“(Патот на Арбр)што Албанија ја поврзува со Македонија, кај Дебар. За таа цел денеска во Министерството за инфраструктура и енергетика потпишан е договор со концесионерот, компанијата “Ѓока Конструксион”,чија понуда беше избрана како најповолна на спроведениот тендер. Ова е еден многу значаен инфраструктурен објект,што нашата земја ја поврзува со Македонија.Изградбата ќе чини 240 милиони евра а во договорот стои дека државата обврските кон компанијата ќе ги подмири во рок од 13 години. Автопатот треба да биде готов за три години -рече министерот Дамиан Ѓикнури.

Договорот го потпишаа генералниот секретар во министертвото Гентиан Кери и претседателот на компанијата, Рок Ѓока. -И благодариме на Владата и на министерството за довербата. Конечно се чини владата почна да им верува на албанските компании. Ветувам дека нема да ве разочарам,ќе го изградиме автопатот квалитетно и навреме,-изјави Ѓока. Инаку,дел од подготвителните работи на автопатот почнаа пред две години,но беа прекинати. Со изградбата на автопатот, кој се протега од Тирана до граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар, досегашната оддалеченост се скусува за околу 100 километри и се предвидува да биде 82 километри. Неговата изградба се очекува да го заживее и економски да го развие поширокото подрачје од двете страни на границата,а многу ќе го олесни и патување до албанското крајбрежје