
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски попладнево остави средба со претседателот на Централниот совет на Македонците од Германија, Роберт Кленкоски.
Николоски на својот Фејсбук профил пишува дека денеска во Собранието на Република Македонија се сретнал со Роберт Кленкоски, Македонец од Германија кој е претседател на Централниот совет на Македонците од Германија.
Разговаравме за понижувањето низ кое поминуваат нашинците поради неспособноста на владата на ДУИ и СДСМ. Создадоа толку голем проблем со пасошите со кој граѓаните на Македонија не можат нормално да функционираат низ Европа и целиот свет, нарушени се основни човекови права. За тоа мора да има одговорност! Македонија има силна дијаспора, а ние како држава мора да се грижиме за нашата дијаспора, пишува Николоски./www.lider.mk
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden