Познатиот дебарски манастир во Рајчица „Св. Ѓорѓи Победоносец“ го чува Светиот крст

 

Познатиот дебарски манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“, кој се наоѓа во селото Рајчица, на околу два километра од градот утре посебно ќе чествува. Така е секогаш кон крајот на септември кога се прославува големиот православен христијански празник посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов а кој народот традицонално го нарекува- Крстовден. Причината е голема бидејќи оваа манастирска слава е врзана со денот кога пред 17 години почнало возобновувањето на конаците на дотогаш запуштениот манастир. Симболиката на тој ден беше уште поголема бидејќи, според преданието,токму на Крстовден биле поставени и темелите на стариот, претходен манастир.

Сето тоа се случило по Божја промисла. Отец Партениј, кој на тој празник го благословувал возобновувањето, воопшто не знаел каква е врската меѓу празникот и манастирот. Дури кога завршило осветувањето отецот на влезот од црквата прочитал дека токму на Крстовден се поставени темелите и на поранешниот манастир,- ни објаснуваа монахињите од ова светилиште.

Две слави

На тој начин,овој празник длабоко се всадил во традицијата на ова светилиште кое сега е женски манастир и метох на Бигорскиот манастир. Инаку,познато е дека главната слава на овој манастир е денот Ѓурѓовден(шести мај) бидејќи тогаш се прославува и големиот хриситјански светител Великомаченик Георгиј, на кој и му е посветен.Но, и двата празника се прославуваат со ист вознес и љубов од страна на верниците,кои и годинава нема да изостанат.Меѓу ногубројните верници ќе биде и 73 годишната Јованка Василевска, која вели дека не пропушта ни еден празник.Тука сум родена, во Рајчица. Живеам во Дебар, но искрена да бидат, посебно по пензионирањето поголем дел од времето го минувам тука. Се сеќавам како одевме често во манастирот, но посебно се радувавме за Ѓурѓовден, а сега,исто така, го чествуваме и Крстовден. За Ѓурѓовден нашите мајки месеа панаѓија(погача) и благи и ни даваа. Многу луѓе и православни и муслимани доаѓаа и порано, зашто манастирот има исцелителна моќ. Многумина,како што самите тврдеа, го нашле лекот, со преспивање, миење со водата која тече од чешмичката во дворот, но и од дел од облеката што ја оставаа тука да преноќи,потоа носеа дарови за манастриот,- се сеќава Јованка.

Таа додава дека верниците со посебен восхит се однесуваат кон двете најголеми реликвии кои постојат во овој храм.Тие реликвии се малата честичка на Светиот крст на кој бил распнат Исус Христос, дел од моштите на Свети Георгиј Победоносец и на Свети Јован Кукузел. Овој манастир, практично, е едно од ретките светилишта во Македонија кој може да се пофали дека има дел од крстот.Тој сега се чува во поголемиот крст, пред кој верниците традиционално се поклонуваат и го бакнуваат. Целиот богослужбен поредок на празникот Крстовден, изнесувањето на Чесниот крст од олтарот, издигнувањето, поклонувањето и целивањето има за цел да не воведе во собитијата поврзана со Христовото заминување на крстна смрт и воскреснувањето,потоа пронаоѓањето на крстот и неговото изнесување од земјата,издигнувањето и поклонението пред него,-вели сестра Ефимија од раичкото сестринство. Според неа непоколебливата надеж во ослободувањето преку верата во крстот и восресението била причина и нашите предци да издржат во тешките страданија во вековите. Тие откако смирено го зеле,го подигнале својот крст и со тоа дале придонес во Божјото дело за утврдување и закрепнување на нашата земја врз каменот на подвизите и молитвите издигнати кон Бога,на крвта и жртвите принесени на олтарот за нејизината слобода,- додава сестрата. Меѓу многубројните верници кои ги затекнавме при нашата посета на манастирот беше и Оливер Илиев од Струмица. Секогаш кога доаѓам тука се поклонувам пред него,како и целиот православен свет и како што велат ја пренесуваме пораката дека крстот на распнатиот и воскреснатиот е оружје на мирот, наша пофалба, наша утеха, сигурност и заштита,наше ослободување,-вели тој.

Честичката се чува од 1836 година 

Честичка од Чесниот крст има во Бигорскиот манастир од 1836 кога Хаџи Наке од Беличица ги донел од Цариград чесните мошти на претечата,Свети Јаков, брат Божји и другите осум кои се чуваат во кивотот во Собониот храм. Таа е вметната во иконата „Воздвижение“ во храмот во Рајчица што е изработена во 2002 година, а е добиена година порано од старо скопско семејство со традиција на аџии и ним ним ја предала аџика Нацка.

Светителот се врати дома 

Сестрите додаваат дека вистинско богатсво на манастриот се и моштите на Свети Горгиј, односно делчето од неговата рака. Тие се сигурен показател за неговото духовно присуство во манастирот и потврда дека Свети Георгиј е моќен заштитник на нашиот народ и до крај ќе го чува православието на овие простори- веле сетра Ефимија. Таа објаснува дека во манастирот пристигнале во 2003 година како подарок од Светогорскиот архимандрит Епифаниј, ефимериј на црква во Атина. Првобитно, моштите биле чувани во аскетскиот Светогорски скит Кафсокаливија. Отецот Епифаниј, тогаш сеуште мирјанин со име Георги, престојувал во скитот нешто повеќе од година и кога требало да си замине, старците во скитот се договориле да му дадат делче од моштите на Свети Георгиј, бидејќи имал намера да му изгради храм на Великомаченикот. Но, Божјата промисла го однела Георгиј на друг пат. Примајќи монашки потстрик со името Епифаниј, тој набрзо бил испратен во Атина за да служи како ефимериј во еден атински храм. Токму во тој храм се сретнал со игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј. Кога при првата нивна средба било кажано дека во Рајчица ќе се гради метох на Св. Георгиј, игуменот толку многу се изненадил и ги подарил моштите.

Кога моштите во ноември 2003 година доаѓале од Атина, преку Солун и Битола, патувале во мало дрвено ковчеже. Во текот на патот моштите воопшто не мирисале и немало благопријатна миризба, но само што излегле од Дебар и тргнале накај манастирот, во комбито се почувствувала убава миризба. Сите што биле во комбито се изненадиле, а отец Партениј со солзи в очи и со голема радост извикал: Свети Георгиј си доаѓа дома. Како виситнско Божјо чудо, благодатта од моштите започнува да се излева уште на самото доаѓање во манастирот, во вид на прекрасно благоухание. Набрзо се покажува и благодаттната и исцелителна моќ на светите мошти преку бројни исцеленија и благодатна помош кон сестринството и верниците во миговите на испитанија и непредвидени неволји. Уште истата година во Солун е изработено сребрено кофчеже во вид на рака во кое моштите се изложуваат за поклонение, додава сестрата. За раката е специјално изработена и дополнителна украсна кутија во вид на црквиче. Неискажлива е благодарноста на сестринството и особено на нивниот старец, отец Партениј, кон славниот и свет Победоносец Георгиј, што по неговото силно застапништво, Раичката обител се удостои да стане Кивот во кој се чуваат светите, благоухани и исцелителни мошти на Великомаченикот Георгиј. Јас сум од градот каде се родил Исус. Восхитен сум од ова што го гледам,навистина вредните раце на мајсторите оставиле непроценливо богатсво во ова светилиште. Со поклонение пред моштите му оддавам почит на Свети Горгиј,кои се гледа, со посебна почит се чуваат тука. Сум посетил многу божји храмови но тука навистина почувствував вистински мир и спокој со самото зачекорување во дворот,- вели Зив Грос од Ерусалим, Израел.

„Снежната Кралица“ над ширта на Дебарско езеро 

Манастирот „Сцети Георгиј Победоносец“е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир. Се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир. Сепак точната година на изградба на манастирскат црква е 1835 година, во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандрит Арсениј од Галичник. Црквата била зографисана и живописана во периодот од 1840 до 1852 година од зографот Михаил и монахот

Данаил од Бигорскиот манастир, додека долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зограф од Тресонче. Се до 1945 година во манастирот опстојувало братство кое било забрането од комунистичката власт. Од 1999 година благодарејќи на иницијативата на игуменот на Бигорскиот манастир архимандрит Партениј (со братството), манастирот беше возобновен, а воедно беше возобновено и женското монашко сестринство. За манастирот е интересно да се спомене дека во него рачно се изработуваат митри (капи кои ги носат високите православни свештеници и владики) кои ги носат владиците на МПЦ, но и владиците во Бугарија, Србија, Грција, Романија, како и во Вселенската патријаршија во Цариград.

„Свети Ѓорѓи Победоносец“ е еден од најубавите македонски манастири,зашто ако има место каде што природата ги дарувала сите убавини, тоа, секако е селото Рајчица,што потсетува на рај,каде се извишува манастирот. Чистиот воздух и погледот врз ширта на Дебарското Езеро само ја надополнуваат убавата глетка на уште поубавиот манастир кој, некогаш поради неговата убавина го нарекувале и „Дворецот на Свети Георгиј“ а денес поради белата фасада, “Снежна кралица”. /Вера Тодоровска

Advertisement