Предвремените парламентарни избори во Грција се планираат за 7 јули 2019

Портпаролот на грчката влада Димитрис Џанакопулос изјави за телевизијата “Алфа” дека предвремените парламентарни избори се планира да се одржат на 7 јули оваа година.

“Одлуката на премиерот е предвремените избори да се одржат на 7 јули. Причината за оваа одлука е потполно да се обезбеди да не дојде до одреден проблем во испитите за прием на универзитет.” – рече Џанакопулос.

Тој соопшти дека премиерот Алексис Ципрас на 10 јуни ќе се состане со претседателот Прокопис Павлопулос. Инаку, откако неговата партија на изборите за Европскиот парламент (ЕП) заостана со голема разлика пред главната опозициона партија Нова Деморкатија (НД) грчкиот премиер Алексис Ципрас донесе одлука за одржување на предвремени избори.