Водите на Преспанско езеро село Пустец, општина Мала Преспа денска беа збогатено со 300 илјади парчиња подмладок на крап, соопштија од министерстото за земјоделство и рурален развој. Од година во година се зголемува количината на подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска е рекордна бројка.
Тоа е резултат на нашата посветеност за збогатување на рибниот фонд, изјавил Бленди Чучи, министер за земјоделство и рурален развој, кој одблиску го следел чинот на порибување аи самиот учествувал во него. Се пофалил дека во однос на количината подмладок на пастрмка со која е порибено езерото „ е далеку од количната со која нашите македонски соседи порибуваат од нивна страна“.
Министерот Чучи најавил засилени мерки за заштита на рибниот фонд, пред се ригорозни казни за оние кои на недозволен начин ќе ловат риба.
https://www.youtube.com/watch?v=svDK9sm2rf0&feature=share&fbclid=IwAR2hod379nWnGq_v9l866Bnd3KRVqal0UTHx4DXamU9VAcrGxoLD3444TII
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
