Претседателот Илир Мета ги посети Македонците во Мала Преспа (ВИДЕО)

Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец порача дека македонското национално малцинство е богатсво за Албанија. Беше пречекан од заменик-градоначалник Андон Јани, членовите на Советот на општината Пустец и претставници на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ).

Многу е значајно да го негувате вашиот идентитет. Јас сум посветен и понатаму да го промовирам македонското малциство,кое има прекрасни вредности и традиции. Македонското малцинство ќе биде постојано во моето внимание,- изјави Мета по средбата. Во рамки на одбележувањето на значајни исторски личности и настани, Мета најави дека годинава, ќе биде и во знакот на оддавање почит на познатиот писател по потекло од овој крај, Стерјо Спасе „синот на македонската етничка заедница“ чија куќа во селото Глобочани, рече Мета ќе биде реставрирана и претворена во музеј.

Според него поради потешкотиите со кои се соочуваат жителите на оваа општина,посебно невработеноста на младите,треба заедничка ангажираност бидејќи општината е една од оние која располага со најмногу природни богатсва и убавини. Тука секако и со реалузација на меѓугранични проекти со Македонија и Грција. Мета ја посети црквата „Свети Архангел и Михаил“ каде запали свеќи за здравје,од каде го честиташе денешниот празник Св.Наум како и божиќните празници по по што во дворот изигра и македонско оро заедно со жителите на Пустец кои му приредија срдечен пречек.

 

 

Advertisement