
Претседателот на Косово, Вјоса Османи – Садриу прими делегација предводена од претседателот на Единствена горанска партија, и пратеник во Косовскот собрание, Адем Хоџа. На состанокот беа разгледани прашањата за еднакво учество во институциите, вработувањето и други прашања важни за областа Гора. Хоџа ја покани Претседателката да ја посети областа Гора и да се запознае со областа Гора. Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden