Претседателот на Македонска Алијанса Атанасоски имал неформална средба со албанскиот претседател

­

Претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски денеска во Пустец, Албанија, оствари неформална средба со албанскиот претседател Илир Мета. Атанасоски на средбата со Мета разговарал за позицијата на Македонците во Албанија и за нивно целосно партиципирање во власта. Мета на средбата потврдил дека Македонците сигурно ќе бидат застапени во албанските институции во поголем број,  како што рекол, има и големи шанси Васил Стерјовски да биде првиот Македонец во Албанскиот Парламент.

Средбата била остварена непосредно пред предизборниот митинг во општина Пустец каде Илир Мета бил гостин на промоцијата на Васил Стерјовски за иден пратеник од партијата Македонска aлијанса за европска интеграција кој е дел од коалцијата предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Претходно Атанасоски се сретнал со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кандидатот за пратеник Васил Стерјовски и министерот за земјоделие Едмонд Панарити. Разговарале за состојбата на Македонците во оваа општина и можностите за поголема интеграција на македонската заедница во албанските институции.

Advertisement