Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо, г. Или Халилај на посета во Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо, г. Или Халилај, на 31.12.2018 година беше во посета на Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител – Дебар, Република Македонија. Тој, со благослов на игуменот на Манастирот, Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, беше топло пречекан и оствари средба со дел од браќата монаси. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо, го информира братстворо на Бигорскиот манастир за активностите на друштвото. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка меѓу друштвото и Бигорскиот Манастир.

Advertisement