Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со писателот Милан Ј. Јовчески

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Прилеп, оствари средба со Македонскиот писател Милан Ј. Јовчески. Писателот објавува книги од древното минато на македонскиот народ, култура и цивилизација. Тој нуди обемна архивска граѓа, задржувајќи се на античкиот локалитет Алкомена, а преку приказната на Македонецот ги раскажува приказните на другите Македонци. Јовчески ги напишал и творбите “Сведоци на милениумите”, “Беломорска болка”, “Македонски непокор”.

Во таа пригода, писателот Милан Ј. Јовчески беше запозната со најновите активности на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, а беше истакната и потребата од соработка на полето на културата. Соговорниците беа согласни дека треба да се прошири соработката. Со верба дека ваквите средби нема да бидат инцидентни, Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, посака плодна и долготрајна соработка, писателот Милан Ј. Јовчески донираше книги за Македонско друштво ”Илинден”-Тирана.

Advertisement