Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со директорот на Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија -„Танец“


Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 07.04.2017 година во Скопје, Република Македонија оствари средба со г-дин Зоран Џорлев директор на Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија -„Танец“, присутни беа и г-дин Горан Десовски проект менаџер во асамблот како и г-дин Миле Здравковски организатро во асамблот. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, го информира г-дин Зоран Џорлев за активностите на друштвото и му подари разгледници со народни носи на Македонците во Албанија. Директорот Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија – „Танец“ подари мал фонд со ЦД со Македонски песни за Македонците во Албанија. На средбата се нагласи потребата за соработка меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија -„Танец“ како национален асамбал што ги преставува сите македонци.

Advertisement