Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана учестуваше на Мадиа Форум за Малциствата во Берлин

Во Берлин, Соузна Република Германија од 01-02 фебруари 2018 година во Културниот центар “Калкшоине” во Берлин на тема“Политика и медиуми за малцинства, информации, мрежа, комуникација” организирано од Федералната Унија на Европските Националности – ФУЕН. Дел од форумот беше и  преседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден” Никола Ѓурѓај. На форумот се дискутира и се разменува искуства и се дискутира преставниите на малциствата од цела Европа да најдат решенија заедно.

Форумот, има за цел да го комбинира и промовира вмрежувањето на класичните печатени медиуми, како и развојот на онлајн-медиумите на малцинствата или етнички групи во Европа. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, и уредник на Македонски весник “Илинден” Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на Федералната Унија на Европските Националности – ФУЕН, со Јанек Вовчер уредник на “Сербске Новине” весник на Сорбите во Германија, со Тамара Опачич советнк на весникот “Новости” весник на Србското малциство во Хрватска, со Маријан Велик уредник на Австриска телевизија за Картен на словенски јазик, со Марко Лоибнегер секратар на Еуропеада 2020, со Лубава Винокурнова преставник на “Московска – Германски весник” весник на германското малциство во Русија.

 

 

Никола Ѓурѓај, Маријан Велик, Хасан Мола

Марко Лобингер, Никола Ѓурѓај, Хасан Мола