Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Од 12-17 јуни 2019 година се одржа 64-от Конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во во хотелот Парк Ин Радисон во Братислава, Словачка Република. На Конгресот присуствува претставници на 103 организации членки од 35 земји. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Албанија беше фактот дека резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана се изгласана унинанимно од сите делегати на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе се достави до сите релевантни институци во Република Албанија и сите релевантни меѓународните институци.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Винцзе Лорант, претседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности, Владимир Хам, преставник на германското малциство во Хрватска и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности, Олга Мартенс преставник на Германската заедница во Руска Федерација. Исто така, имаше средба исо Бернхард Зиец потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), поранешен генерален секретар на Домовина, Федерација на Лужичките Сорби во Германија, Тања Новотин Галубич, заменик-градоначалник во Бјеловарска – Билогорска Жупанија од редовите на чешкото малциство во Хрватска, и Антонио Самартино, претседател на фондацијата “Агостиниа Пицоли” преставник на Хрватската заедница во Италија.

Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности

Тања Новотин Галубич, заменик-градоначалник во Бјеловарска – Билогорска Жупанија од редовите на чешкото малциство во Хрватска

Владимир Хам, преставник на германското малциство во Хрватска и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности

Антонио Самартино, претседател на фондацијата “Агостиниа Пицоли” преставник на Хрватската заедница во Италија