Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оставри средба со претседателот на Црна Гора

 

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов  престојува во работна посета на Република Словенија, по повод учеството на Состанокот на лидерите од Брдо-Бриони Процесот, што се одржува во Брдо кај Крањ.Претседателот  Иванов, денеска оставри средба со претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ двајцата претседатели разменија мислење за актуелните случувања во Македонија и Црна Гора, како и за случувањата во регионот.

На средбата беа потврдени традиционално блиските и одлични политички односи меѓу двете земји и беше изразен интерес за продлабочување на билатералната соработка. Претседателот Иванов упати честитки за успехот на Црна гора со членството во НАТО, како и во поглед на интегративните процеси во ЕУ.  „ Успесите на Црна Гора позитивно треба да влијаат на стабилноста во регионот и треба да бидат инспирација за останатите аспиранти за членство во НАТО и ЕУ, исткана претседателот Иванов.

Во таа насока, македонскиот претседател посочи дека една од причините за појавата на ретроградни процеси во регионот е недоволниот ангажман на ЕУ и ја истакна потребата од деблокада на македонските евроинтеграции. Претседателот Иванов и претседателот Вујановиќ се согласија дека интегрирањето на Балканот во ЕУ и НАТО е клучно за напредокот на регионот, за мирот и стабилноста.

Република Македонија предолго чека и треба да си го заземе члеснтвото во НАТО и да го продолжи интегративниот пат кон ЕУ, исткана претседателот Вујановиќ на средбата, нагласувајќи дека одличната соработка во поглед на евроатлатските интеграции ќе продолжи и во иднина. Во однос на мигрантската криза и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот и Европа, двајцата претседатели се согласија дека е неопходно проширување на соработката меѓу безбедносните и разузнавачките служби .

Advertisement