Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов освари проштална средба со амбасадорот на Република Куба за Република Македонија

 

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г. Педро Пабло Сан Хорге Родригез. На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од соработката со амбасадорот Родригез и од неговото залагање за унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Куба.

Претседателот Иванов на средбата го посочи интересот на Република Македонија за развој на билатералните односи со Република Куба на повисоко ниво и истакна дека Република Македонија придава значење на соработката со земјите од Централна и Јужна Америка, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Двајцата соговорници се согласија за потребата да се истражат можностите за соработка во областите од заемен интерес, вклучувајќи го образованието, културата, здравството, фармацевтската индустрија и други област. Заблагодарувајќи се за неговиот досегашниот ангажман и соработка, претседателот Иванов на амбасадорот Родригез му посака успех во натамошната работа.

Advertisement