
Претседателот на Русија Владимир Путин се нурна во студено езеро за христијанскиот празник Богојавление. Руската државна телевизија го пренесуваше влегувањето на 65-годишниот Путин во езерото Селигер, околу 400 километри северно од Москва. Ројтерс пренесува дека температурата на воздухот во тој момент била шест степени под нулата. На Путин ова не му е првпат да се соблекува пред камерите и да ги покажува своите атлетски вештини.
https://www.youtube.com/watch?v=wuzDav1cNhI
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden