Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес се сретна со палестинскиот амбасадор во Софија Ахмед Ал Адбух

 

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес вчера во Скопје, Република Македонија се сретна со палестинскиот амбасадор во Софија д-р Ахмед Ал Адбух и претседателот на Палестинската заедница во Македонија проф.д-р Мумен Абуаркуб. Претседателот на СМК Тодор Петров упати сочуство за страдањата на Палестинскиот народ и изрази надеж за траен мир на Блискиот Исток и меѓу Израел и Палестина. Македонија, Израел и Палестина се библиски земји и носат историска одговорност за мирот во светот, – рече претседателот на СМК Тодор Петров.

Палестинскиот амбасадор и претседателот на СМК разменија мислење за воспоставување на дипломатските односи меѓу државата Македонија и државата Палестина, унапредување на македонско-палестинската културна, спортска и стопанска соработка, регистрација на Македонско-Палестинско друштво на пријателство, склучување договор за соработка меѓу Светскиот Македонски Конгрес и Светскиот Палестински Конгрес, збратимување на Охрид со Витлеем и Јерихон, и поттикнување на црковните односи меѓу Македонската Православна Црква и Ерусалимската Патријаршија. На средбата присуствуваше и Миле Манолев, поранешен амбасадор на Македонија во Египет.Палестинскиот амбасадор на претседателот на СМК му врачи Плакета.

Државата Палестина има свои амбасади во речиси сите балкански земји, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, освен во Македонија, и во речиси сите членки на Европската Унија и Евро-Азиската Унија.