Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го честита големиот празник 24 мај, денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј

Дозволете ми да ви го честитам 24-ти мај, денот на Светите браќа Кирил и Методиј – македонски и сесловенски просветители и учители. Почитувани граѓани. Треба да бидеме бескрајно среќни и горди како народ, бидејќи Светите браќа Кирил и Методиј, кои од страна на неговата светост, Папата Јован Павле Втори се прогласени за заштитници на Европа, не вбројуваат меѓу народите кои дале огромен придонес кон  светската наука и култура.Светите браќа Кирил и Методиј ни покажаа дека човековата волја, добродетел, љубов и желба за творење можат да бидат бескрајни и да создаваат работи надвор од имагинацијата на времето и просторот во кој живееме.

Тие со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време, спротиставувајќи се на дотогаш ограниченото сфаќање дека знаењето и науката треба да се пренесуваат на само неколку тогашни јазици, тие ја проширија писменоста во до тогаш невидени размери и простори и допринесоа за унапредување на науката во целост. Нека Бог ни помогне и даде мудрост да го водиме и создаваме општеството според вредностите кои тие ни ги оставија, да бидеме мудри, взаемно да се почитуваме и да твориме во полза на општото добро.

Advertisement