Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со претставници на организацијата Македонија 2025

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со средба со Мајк Зафировски, Никица Мојсовска, Џон Битов, Вера Ставров и Крис Павловски, претставници од организацијата „Македонија 2025“, организација од дијаспората која се залага за економски развој на Република Македонија и има блиски релации со бизнис заедницата.

Заедно со успешни Македонци од дијаспората ќе ја развиваме Македонија економски и ќе ја придвижиме економијата напред. ВМРО-ДПМНЕ историски од секогаш имало силна соработка со македонската дијаспора и иселениците.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се залага за силна дијаспора и секогаш има одлична соработка со Македонците од дијаспората. Во иднина ќе ја продолжиме оваа соработка и ќе се залагаме улогата на дијаспората да биде силна и заедно сплотени ќе ја обновиме Македонија истакна на средбата, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.