Претставничката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана се обрати пред претседателот Мета (ФОТО)

На денешната средба што албанскиот претседател Илир Мета ја организираше со претставниците на малцинствата во земјата, по повод меѓународниот ден за културен дверзитет и дијалог, присуствуваше и делгација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Македонците ги предводеше Елса Џелили, координатор на друшвото за округот Елбасан, која откако топло се заблагодари за можноста да бидат гости кај претседателот Мета, имаше обраќање, во кое ја посочи „тесната поврзаност со матична земја Македонија“.

Ние Македонците во Република Албанија сме тесно поврзани со нашата матична земја-Македонија, имаме заеднички јазик, култура, историја, фолклор, обичаи што се само некои од карактеристиките што ја докажуваат тесната врска меѓу Македонците од Албанија и матичната земја Македонија. Македонското национално малцинство во Република Албанија припаѓа на православната и муслиманската веросповест, рече Џелили.

Додаде дека тие главно е концентрирани во четири етнички области, Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и во селото Врбник, Билиша, како и во најголемите градови на Република Албанија, како што се Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер и Патос.

Таа поодделно зборуваше за бројот на населени места каде живеат Македонци.

Во областа Голо Брдо има 21 населено место,во областа Поле, кока се протега од Маќекара до Пешкопеја, наалбанско македонската граница, три села, севро-западно од Корча во Билишта на албансмо грќката граница е селото Врбник, во областа Преспа покрај Преспанско Езеро распослани се девет села, како и областа Гора со девет села, дообјасни таа.

Се задржа и на организираноста на Македонците и нивните медиуми.

Организрани сме во македонско друштво „Илинден“-Тирана и огранок за Голо Брдо, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, Културно и политичко здружение „Мир“, етно-културно здружение „Гора“, македонско-егејско здружение „МЕД“, Заедница на Македонците во Албанија, Фондациите „Никола Беровски“ и „Стерио Спасе“. Исто така имаме и два весника на македонски јазик, „Илинден“ и „Преспа“, нагласи Џелили во обраќањето пред претседателот Мета и учесниците на средбата.

Advertisement