При реконструкција на старото школо што ќе биде претворено во музеј за Стерјо Спасе е пронајдена графика од 1913 година

Во селото Глобочани, општина Пустец почна реализацијата на проектот за реконструкција и уредување на старата училишна зграда, која во иднина ќе биде музеј на познатиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе, кој е родум од ова малопреспанско село.

При реализацијата на проектот за реконструкција старата училишна зграда, убаво изненадувања на ѕидовите на првиот кат на зградата излезе на виделина графика, го покажува својот изглед во 1913 година, кога  e изграден. Очекуваме графиката да биде реставрирана во својот оригинален изглед.

Advertisement