Проф. д-р Илинден Спасе македонски интелектуалец од Мала Преспа

Проф. д-р Илинден Спасе е роден во април, 1942 година во селото Глобочани, облaста Мала Преспа, oсновното образование го завршил во родното место, а дипломирал на Универзитетот во Тирана. Работел како учител, редактор, издавач на педагошкото списание на албански јазик (1970-2001), главен редактор на Издавачкиот совет на Институтот за педагошки студии во Тирана, научен работник во Училишниот Департмен (сектор за историја на образование) во Институт за педагошки студии.

Проф. д-р Илинден Спaсе пишува на македонски и албански јазик, автор е на повеќе збирки и раскази. Почесен член е на Друштвото на писателите на Македонија. На Проф. д-р Илинден Спaсе, Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 10 годишната од основањето му додели Благодарница “Илинден” за особен придонес за Македонците во Албанија.

Со неговите дела Проф. д-р Илинден Спaсе помога многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традици за помладите генерации на Македонците во Албанија.

Advertisement