Проф.д-р Кимет Фетаху: Македонскиот јазик ми е мајчин јазик

Денеска проф.д-р Кимет Фетаху гостуваше во емисијата на новинарот Енкел Деми на албанската национална телевизија АБЦ Њуз каде зборуваше за неговата кандидатура за претседател на Република Албанија како предлог на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интерација (МАЕИ). Во интервјуто проф.д-р Кимет Фетаху зборуваше за своето македонско потекло од село Требиште, областа на Голо Брдо и местоположбата на Македонците во Албанија, за неговата професионална кариера како универзитетски професор и општественик и за предизвиците со кои се соочува албанското општество.
Проф.д-р Кимет Фетаху е почитувана личност во Албанија со професионален и личен интегритет!
Advertisement