
Полицијата пронашла 50 килограми марихуана, вчера во близина на граничниот премин Ќафасан на 11-ти ноември 2018 година, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, Македонска гранична полиција, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми. На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden