
Опозиција излезе на протести пред владата во Тирана против политиките на премиерот Еди Рама. Полицијата како и водени топови се распоредени во центарот на главниот град на Албанија. Протестите ги предводат демократите, кои тврдат дека Албанија се претворила во земја на дрогата, на украдените избори и илегалниот парламен. Освен што носат транспаренти и карикатури со владините функционери во затвореничка облека, дел од демонстрантите во раце држат метли, со кои симболично сакаат да го „изметат ѓубрето“, како што велат, од нивната Влада.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden