Протести во Тирана: Се бара намалување на цената на горивата (ВИДЕО)

Голем број граѓани присуствуваа на протестот пред во Тирана организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата. Протестот траеше повеќе од два часа, беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата. Бараме укинување на даноците бидејќи плаќаме 260 лека (122,2 лека =1 евро) за литар нафта. Се додека не се прифати нашето барање секојдневно во 17 часот ќе протестираме пред Владата, беше пораката од протестот, кој мина мирно. Протести имаше и во други градови, со поголемо учество во Драч, каде со автомобили беа блокирани повеќе улици.

Advertisement