Прва година од основањето на Фондот за Западен Балкан (ВИДЕО)

 

Фондот на Западен Балкан е прв фонд создаден од владите на земјите во Западен Балкан, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Главни цели на Фондот на Западен Балкан се да ја зајакнат соработката меѓу нејзините членки, да ги зајакнат односите и регионалната кохезија и секако да ја унапредат интеграцијата во Европската унија.

ВБФ (WBF http://westernbalkansfund.org) финансиски поддржува мали и средни проекти со главна цел: зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во следните 4 клучни области: образование и научни размени, културна соработка, прекугранична и младинска соработка и одржлив развој.

Членовите на персоналот доаѓаат од Скопје, Белград, Подгорица, Приштина, и Тирана, имаа можност да се претстават пред присутните амбасадори од регионот и од земјите на Европската унија, претставници од албанското Министерство за Европа и надворешни работи и Европската делегација во Тирана.

 

Advertisement