
Во општина Пустец првиот училишен ден од новата 2020/2021 учебна година во основните училишта и гимазијата мина без никаков проблем. Со почитување на протоколот за хигиенско-санитарни мерки против Ковид-19, одржувањето физичка дстанца и носење заштитни маски без никаков проблем мина првиот училишен ден.
Претходно и извршена е дезинфекција на просториите идворнте места во сите училишта и градинката. Почитувањето на мерките ќе продолжи со цел заштита на здравјето на учениците и наставниците ,изјавија од општината.
Посочуваат дека во изминатите неколку месеци целосно е рекоструирана гимназиската зграда, која сега доби нов лик. Опремена е со нова опрема и дидактички средства и помагала. Во деветте села на општина Пустец, областа Мала Преспа наастава следат околу 200 ученици, од нив четириесеттина се во гимназијата додека остантите во деветолетките и нивните подрачни училишта.
Треба да се нагласи дека во оваа општина до сега нема случај на заразен со Ковид-19. Без некои поголеми проблеми, со почтување на протоколте денеска почна наставата на целата терторја на Албанија.Ќе се одвва комбнирано една седмица со физичко прсуство на учениците една седмица онлајн.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden