Првпат три искушенички во манастирот „Св. Горгиј Победоносец“ во Рајчица ќе бидат причислени кон светиот монашки собор

Познатиот дебарски манастир „Св. Горгиј Победоносец“,кој се наоѓа во селото Рајчица, на околу два километра од градот утре го одбележува патронот, Светиот великомаченик Георгиј Победоносец. -Во навечерието на споменот на Светиот Великомаченик Георгиј вечерва ќе се отслужи празнична вечерна богослужба. За време на богослужбата, за првпат во историјата на Обителта, три искушенички од Рајчичката света Обител ќе бидат причислени кон светиот монашки собор, положувајќи ги монашките завети и примајќи монашки потстриг од раката на нашиот почитуван владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, велат сестрите од овој познат женски манастир. Утре, на денот на патронот во 7:30 часот ќе започне утрената богослужба и ќе биде проследена со Божествена Литургија, која е предвидено да започне во 09:00 часот.

На вечерната а посебно на утрешните богослужби се очекува да прсуствуваат голем број верници од сите делови на државава,сегашни и поранешн жители на ова село. Манастирот „Сцети Георгиј Победоносец“е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир. Се до 1945 година во манастирот опстојувало братство кое било забрането од комунистичката власт. Од 1999 година благодарејќи на иницијативата на игуменот на Бигорскиот манастир архимандрит Партениј (со братството), манастирот беше возобновен, а воедно беше возобновено и женското монашко сестринство. Вистинско богатсво на манастриот се моштите на Свети Горгиј,односно делчето од неговата рака.

Тие се сигурен показател за неговото духовно присуство во манастирот и потврда дека Свети Георгиј е моќен заштитник на нашиот народ и до крај ќе го чува православието на овие простори- велат сестрите. Во манастирот пристигнале во 2003 година како подарок од Светогорскиот архимандрит Епифаниј, ефимериј на црква во Атина,ко му ги дарувал на отец Партениј. Уште истата година во Солун е изработено сребрено кофчеже во вид на рака во кое моштите се изложуваат за поклонение.За раката е специјално изработена и дополнителна украсна кутија во вид на црквиче.