Путин: 40 нови воени бродови ќе бидат во составот на морнарицата до крајот на годината

Околу 40 нови воени бродови, со најсовремена опрема и ново, хиперсонично оружје, ќе бидат во редовниот состав на руската морнарица до крајот на оваа година, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин на главната поморска смотра во Санкт Петербург, јави ТАСС.

Ние ќе испорачаме 40 бродови од различни типови и класи на нашата редовна морнарица оваа година. Борбените својства на овие бродови ќе бидат значително понапредни затоа што сите ќе бидат опремени со најнова, напредна дигитална технологија, Хиперсонични ударни борбени системи кои се единствени во светот, микро беспилотни подморници и најефикасни, автоматизирани системи за самоодбрана од нападите на непријателот, рече рускиот претседател.

Путин, исто така, потсети дека пред неколку дена морнарицата стави во употреба шест нови воени бродови, кои се опремени со оружје со голема прецизност со долг дострел, стратешки подводни ракети и повеќенаменски микро-подморници, како и најновата генерација на суперсонични авиони опремени со уникатни и специјални видови на ново оружје.