Рама: Албанија во 2018 година ќе обезбеди старт на преговорите за ЕУ

 

Премиерот Еди Рама, на последната средба со новинарите за оваа година, рече дека Албанија се надева оти во првите шест месеци од 2018 година ќе обезбеди старт на преговорите за членство во ЕУ, изразувајќи жалење за опозицијата, за која рече дека нема ист став по ова прашање. 

“Во овие 100 дена го проширивме она што јас би го нарекол акција во широк дипломатски степен за да се обезбеди почеток на преговорите во првите шест месеци од следната година. Жалиме што не сме сите заедно со еден став и едногласни за тоа. Имаме ситуација каде опозицијата си игра со оган, станувајќи пречка..“ – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Рама рече дека од јануари во Албанија ќе има конкретни резултати за ветинг-процесот, односно прочистувањето на правосудниот систем од корумпирани судии и обвинители.

“Денес сме во процес на стимулација, кој се однесува на судските реформи и неможноста на една страна да ја прифати потребата од реформи во правосудството. Реформата има направено значителен напредок, ветинг-институциите сега работат со полно работно време и на почетокот на следната година ќе ги видиме првите конкретни резултати од прочистувањето на палатата на правдата од страна на корумпирани судии и јавни обвинители.“ – вели Рама