Рама ги повика Азербејџан и Ерменија на прекин на огнот и итно започнување преговори 

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во својство на претседавач на ОБСЕ, доцна синоќа реагирал, по продолжувањето на борбите меѓу Азербејџан и Ерменија. Преку објава на официјалната интернет страница на ОБСЕ, Рама пишува дека двете страни вклучени во конфликтот мора да се вратат во нормала, притоа додавајќи дека никој не сака жртви. „Апелирам до сите инволвирани веднаш да се вратат на примирјето, пред бројот на лица во овој конфликт да се зголеми дополнително. Добро е двете земји да започнат преговори, напиша Рама. Рама истакнува дека копретседавачите на Минската група на ОБСЕ и личниот претставник на претседавачот, амбасадорот Анджеј Каспрзик биле во близок контакт со страните.

Целосно ги поддржуваме напорите за стабилизирање на состојбата на теренот. Нема алтернатива за мирно решение на конфликтот освен преговори. Преговорите меѓу двете земји треба да започнат што е можно поскоро. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите во оваа последна рунда насилство,наведува Рама. Вооруженте дејствија меѓу Азербејџан и Ерменија вчера достигнаа кулминација и најжестокиот судир се одвиваше во регионот Нагорно Карабах, каде загинаа 16 лица, а 100 беа ранети. НАТО повика на прекин на огнот, додека Турција излезе во одбрана на Азербејџан. Анкара рече дека Ерменија треба да се повлече.

Advertisement