Рама: Јас сум католик, жена ми муслиманка, двете деца православни, најмалото ако сака може да е евреин

Јас сум католик, мојата сопруга е муслиманка, моите две постари деца се православни, изјави албанскиот премиер Еди Рама, објаснувајќи дека одлуката за прифаќање бегалци од Авганистан не е поврзана со религијата.

„Јас сум католик. Мојата сопруга е муслиманка. Двете постари деца се православни. Нашиот најмлад син, ако сака, може да избере да биде од еврејска вера.

Тоа се луѓе без разлика на бојата на кожата, културата или религијата. Доколку Европската унија и САД одлучат да ја повлечат поддршката за авганистанските бегалци, ние нема да го сториме тоа. Ќе им обезбедиме засолниште “, рече Рама, пренесува Газета експрес.