Рама на Самитот во Лондон ќе бара помош од члeнките на НАТО

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека ќе замине на Самитот на НАТО во Лондон за да побара финансиска и техничка помош од земјите-членки за справување со последиците од земјотресот. Во земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември, загинаа 52 лица, стотици беа повредени, а материјалната штета е огромна.

Тој додаде дека системот за координација на помошта е целосно под контрола. Рама ја најави платформата „Албанија што ја сакаме“ додавајќи дека сè до моментот кога ќе заврши вонредната состојба, платформата ќе се фокусира исклучиво на барањата на жителите погодени од земјотресот.