
Премиерот Еди Рама на својот профил на Фејсбук објави фотографии од Италија на кои се прикажува конвој на воени камиони кои превезуваат жртви предизвикани од коронавирусот, испраќајќи силна порака до албанските граѓани дека треба строго да ги почитуваат владините мерки.
Додава дека двете најпогодени области во северниот дел на Италија презеле мерки со задоцнување кога „непријателот“ напредувал, поради што и бројот на инфицираните и починатите е вознемирувачки. Апелира до граѓаните на трпеливост и додава дека во неговата земја по секоја цена треба да се избегне хуманитарна катастрофа.
По секоја цена и услови треба да избегнеме хуманитарна катастрофа, како онаа во Бергамо и во северниот дел од Италија, каде здравстениот систем падна на колена, затоа што не се заштити од ѕидот на затегнатите мерки- констатираше тој. Трпение, трпение, трпение! – напиша Рама на Фејсбук.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden