Рама се пофали дека само Албанија и Србија се единствени на Балканот што започнале со вакцинација против коронавирусот

Рама на прес-конференција, откако ја прими и втората доза на вакцината рекол дека ситуацијата поврзана со вакцинацијата низ Европа е хаотична, бидејќи големите земји им се закануваат на компаниите. Големите земји, како тие од ЕУ, почнуваат да им се закануваат на компаниите. Најважно е дека успеавме да влеземе во процесот на спроведување на договорот со Фајзер. Дозите кои стигнаа вчера го отворија патот кон тоа, додал Рама.

Посочил дека амбасадата на Франција во Тирана, која во својата реакција наведе дека Рама изнесува неточни ставови за вакцинацијата, ги извадила неговите изјави од контекст и дека тој не ја обвинил Франција, туку само изнесувал мислење. Тој најави дека следната недела во Албанија ќе пристигнат 10 илјади а до крајот на месецов уште 30 илјади од договорените 500 илјади вакцини со компанијата Фајзер. Првите 1.170 вакцини од Фајзел во Албанија пристигнаа доцна синоќа.