Рама: Затвор за секој што ќе злоупотреби градежна довола

Премиерот на Албанија, Еди Рама, по владиниот состанок најaви дека се подготвува закон за сите кои ги злоупотребуваат градежните дозволи.

Тој најави дека во Албанија ќе се изрекува казна-затвор од седум до 15 години за секој инвеститор или приватно лице кое ќе ја злоупотреби градежната дозвола.

Максимално сме ангажирани! Ќе зборуваме со дела, ќе зборуваме со факти. Подготвуваме закон за да се затвори ова дебата. За жал, таа ќе се заврши со 50 жртви. Секој којшто ќе добие дозвола за градба на негово име или е инвестирор, фирма и слично, доколку добие градежна дозвола за три ката, а неговата зграда има повеќе од дозволеното, ќе оди седум до 15 години во затвор – констатираше албанскиот премиер.

Тој утрината истакна дека спасувачните операции се прекинати, поради тоа што се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините. Рама исто така додаде дека ќе се подготви акт за посебно третирање на семејствата кои страдаа во земјотресот.